Златан Ибрахимовиќ во интервју за магазинот „Џи-Кју“ открил кој според него е најдобриот фудбалер во светот.
Помалку изненадувачки за Швеѓанецот не смета дека најдобри се Лионел Меси и Кристијано Роналдо играчи што ја обележаа последната деценија во светскиот фудбал. Роналдо и Меси од последните 11, заедно освоија десет Златни топки.
„Најдобар е Килијан Мбапе“, рекол Ибрахимовиќ и дополнил.
„Тој е човекот што прави разлика. Се уште е млад и се надевам дека ќе продолжи напорно да работи. Иако е млад тој веќе е вистинска ѕвезда“.
Швеѓанецот имал и совет за младиот колега.
„Се надевам дека ќе остане „гладен“ и дека никогаш нема да престане да го сака фудбалот. Доколку продолжи вака тој уште повеќе ќе напредува и ќе прави големи нешта. Мора да остане со ладна глава, а тоа не е секогаш лесно“.