Top Sport

Кошмарно деби за Џенаро Гатузо (Видео)

Шок терапијата и смената на Карло Анчелоти не ги подобри работите во Наполи. Наполитанците вечерва загубија на домашен терен од Парма 1:2. Наполи, со гол и асистенција, го сруши Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски.

Дека дебито на клупата на Наполи Џенаро Гатузо нема да го памети по добро најави Кулушевски уште во четвртата минута. Момчето со македонско потекло успеа да му избега на Кулибали и потоа го совлада Мерет.

Наполи притискаше во текот на целиот меч, во првиот дел зицери не реализираа Зјелински и Инсиње, а израмнувањето стигна дури во 64 минута кога Милик највисоко скокна на нафрлената топка од страна на Мертенс.

По израмнувачкиот гол следуваа ургански десет минути на Наполи, во кои се изроди само една добра шанса кога се посрамоти Марио Руи.

Во самиот финиш во 93 минута Жервињо и Кулушевски изведоа школски контра-напад. Кулушевски му асистираше на Жервињо кој го постави конечниот резултат.

Парма со оваа победа го мина Наполи на табелата и сега има 24 бода на седмото место. Наполитанците од друга страна останаа на 21 бод откако и на осмиот меч во Серија А останаа без победа.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса од тренерот Гатузо.

Scroll to Top