Top Sport

Ибра почна да шефува во Милан, ја менува формацијата на Пиоли

Новата аквизиција на Милан, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ иако одигра само 36 минути во првиот меч по враќањето на „Сан Сиро“, веднаш започнал да го наметнува своето влијание во соблекувалната на „црвено-црните“, пишува италијански „Кориере дело Спорт“.

Според тамошните информации, Ибрахимовиќ барал од тренерот Стефано Пиоли да ја промени формацијата во нападот.
Па сега, партнер во нападот на шведскиот ас се очекува да му биде Рафаел Леао (кој досега не покажа премногу во дресот на „Росонерите“), а Милан можеби ќе го гледаме во формација 4-3-1-2, наместо во сегашната 4-3-3. Зад истурените напаѓачи, поддршката треба да доаѓа од турскиот фудбалер, Чалханоглу.

Доколку Ибра и Леао се најдат во почетниот напад на Милан, тогаш нема да има место во стартната постава за Кшиштоф Пјонтек, а евентуално и за Сусо. Тоа повлекува и можност тие двајца да го напуштат „Сан Сиро“.

Навивачите се во исчекување на новиот дуел на Милан против Каљари каде треба да се види дали ќе има размрдување во тимот и дали ќе се тргне летаргичноста во екипата која, пак, е неколкукратен европски владетел.

Scroll to Top