Top Sport

Ибра: Прво јас го освоив светот, сега е ред на Шведска

Шведска е во осминафиналето на Мундијалот, а Златан Ибрахимовиќ вели дека сега „викинзите“ се подготвени да го „преземат светот“, како што тој направил, иако претходно изјавуваше дека тој уште е подобар од сите сегашни шведски репрезентативци.

36-годишниот фудбалер на Лос Анџелес галакси се повлече од репрезентацијата по Евро 2016, со рекордни 62 гола во 116 настапи за својата земја. Иако постоеја шпекулации дека тој ќе биде повикан на Светското првенство, ова не се случи и на Шведска очигледно не им недостасуваше Златан откако како први во групата Ф влегоа во осминафиналето. Ибра вели дека е пресреќен.

„Кажав пред Светското првенство дека ќе стигнат далеку, а сега велам дека најверојатно ќе станат шампиони. Среќен сум, горд што сум Швеѓанец, возам наоколу со шведското знаме. Јас го освоив светот, сега Шведска го прави истото“, вели Ибрахимовиќ.

Шведска ги победи Јужна Кореја и Мексико, но загуби драматично од Германија и сега играат со Швајцарија за место во четврт-финалето.

„Кој и да игра со Шведска нема да им биде лесно и мислам дека тоа им е јасно на сите. Дуелот со Швајцарија ќе биде тежок, но тие се подготвени“, додава ветеранот.

Златан е Златан: Многу сум подобар од тие кои играат за Шведска

Scroll to Top