Top Sport

Египќаните му се собраа на Салах пред врата!

Иако Египет си замина од СП во Русија без освоен поен и со три порази, тоа не значи дека статусот на Мохамед Салах во оваа земја е променет.

Некој успеал да ја најде адресата на домот на ѕвездата на Ливерпул и ја објавил јавно на Фејсбук, по што илјадници фанови се собрале пред неговиот дом.

Додека многумина во ваква ситуација би се сокриле и би ја повикале полицијата, Салах реши да излезе надвор да ги поздрави и на најсреќните да им додели автограми. Секоја чест.

Scroll to Top