Адријано Галијани вели дека шансите на третолигашот Монца да потпише договор со Златан Ибрахимовиќ ова лето се минимални и тоа само поради пандемијата на корона вирусот.
Ибрахимовиќ се врати во Европа со трансфер во Милан од Лос Анџелес галакси, потпишувајќи шестмесечен договор со опција да го продолжи на уште една сезона. Во Италија се сигурни дека тој нема да продолжи со „росонерите“ бидејќи е налутен што од клубот е избркан Звонимир Бобан во борбата за превласт на „Сан Сиро“.
Галијани, кој порано беше втор човек во Милан покрај тогашниот сопственик Силвио Берлускони, сега го води третолигашот Монца и претходно најави дека ќе тргне по Златан.
„Искрено, мислам дека го закопавме сонот за Ибра, и тоа можеме да го промовираме во ефект од корона вирусот. Поради глобалната криза и несигурноста околу должината на сезоната, проектот пропаѓа“, вели Галијани во интервју за „Кориере дела сера“.