Златан Ибрахимовиќ уште не направил одлука дали да продолжи со Милан и следната сезона, но тоа не му пречеше да постигне убав гол уште на стартот на дуелот со Сампдорија во претпоследното од Серија А.
Ова беше осми гол за 38-годишниот ветеран за „росонерите“ оваа сезона и само Анте Ребиќ со 11 е пред него на листата на стрелците во Милан.