Top Sport

Рафа и Новак потврдени за Синсинати опен

Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и актуелниот шампион од САД опен, Рафаел Надал се потврдени како учесници на Синсинати опен во подготовките за американскиот гренд слем, што претставува одлична вест за организаторите.

Се веруваше дека учеството на Ѓоковиќ и Надал на САД опен е неизвесно, откако Ѓоковиќ се опоравуваше од корона вирусот, а се веруваше дека Надал ќе се „чува“ за Ролан Гарос, веднаш по гренд слемот во Њујорк.

Синсинати опен нема да се игра во Синсинати, туку на терените на Флешинг Медоуз за да се ограничи патувањето на тенисерите. Надал е потврдени и за Мадрид опен, веднаш по крајот на САД опен.

Машкиот турнир почнува на 22 август, а потврдени се и актуелните шампиони од лани, Данил Медведев и Медисон Киз, како и првата фаворитка, Серена Вилијамс. На АТП Мастерс 1000 турнирот ќе учествуваат и Григор Димитров и Марин Чилиќ, а на женскиот турнир се потврдени и Гарбиње Мугуруза, Софија Кенин, Петра Квитова и Светлана Кузнецова.

Scroll to Top