Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ очигледно ужива во Шведска, една од ретките земји каде што нема рестриктивни мерки против корона вирусот, откако по тренингот со клубот каде што е ко-сопственик, се одмараше со малку рибарење.
Напаѓачот се врати во Шведска по шпекулациите околу тоа дали ќе го продолжи престојот кај „росонерите“ и следната сезона, но сепак ја оддржуваше физичката подготвеност со тренинзи со Хамарби, клубот чиј делумен сопственик е, и со видео-предизвици со поранешниот соиграч Пол Погба.
Сега, преку Инстаграм, тој се пофали дека има талент и за други работи. Сепак, во дополнителното видео, тој покажува дека ја враќа огромната риба во водата, така што сигурно немал риба за вечера.