Top Sport

Трансферот на Мбапе во Реал бил договорен пред корона вирусот?

Поранешниот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Жером Ротен тврди дека Килијан Мбапе веќе се имал договорено за трансфер во Реал Мадрид пред да почне пандемијата на корона вирусот, која го „расипала“ договореното.

21-годишниот Мбапе, кој дојде во ПСЖ од Монако во 2017 година има договор со богатиот клуб до 2022 година, но постојано ги одбива понудите за продолжување на договорот, а Зинедин Зидан не ја крие желбата да го види на „Сантијаго Бернабеу“. Ротен вели дека сè било договорено пред да почне хаосот со корона вирусот.

„Го знам тоа од извори во клубот, договорот за трансфер на Килијан во Реал бил речиси готов. Но, сега со сè што се случува, сметам дека тој трансфер ќе се одложи. Нема шанси Мбапе да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен бидејќи не е задоволен од својата позиција, така што е само прашање на време“, вели Ротен.

Пред кризата да го прекине фудбалот во Европа, Мбапе имаше 18 гола во француската Лига 1 и вкупно 30 гола во сите натпреварувања за ПСЖ.

Scroll to Top