Top Sport

Ибра за Гвардиола кажувал: Mорам да си заминам од овој педер!

Златан Ибрахимовиќ никогаш не криеше дека не може да го поднесува Пеп Гвардиола, откако двајцата имаа бурна средба во Барселона, но сега неговиот поранешен соиграч Дмитро Чигринскиј открива до каде одела омразата.

Ибра ја помина сезоната 2009/10 под Гвардиола во Барселона откако Каталонецот ја освои првата титула од Лигата на шампионите, но веднаш почнаа тензиите, а самиот Ибрахимовиќ во својата автобиографија „Јас сум Златан“ напиша дека Гвардиола сакал само Лионел Меси да е среќен.

Украинецот Чигринскиј, кој дојде од Шахтјор за 25 милиони евра во исто време како Ибрахимовиќ, а сега игра во АЕК Атина, во интервју за еден украински Јутјуб канал, тврди дека станал пријател со Златан бидејќи тој го ценел неговиот остар пристап на тренинзите.

„Еднаш му влегов на Ибра остро со старт на тренинг и тој ми кажа: ’Браво, Исус, браво!’. Подоцна, кога се сретнавме додека игравме за нашите репрезентации тој ми кажа дека едноставно морал да избега од Барселона. Исус, морав да го напуштам тој педер’“, вели Чингринскиј.

Тензиите меѓу Пеп и Златан еруптираа по поразот на Барселона во полуфиналето на ЛШ од Интер под водство на Жозе Мурињо во 2010 година. Тогаш наводно Ибрахимовиќ му врескал на Пеп во лице: „Ти немаш муда, ти си безрбетен страшливец“. Златан беше пратен во Милан како позајмен фудбалер во 2010/11, пред една година подоцна да се приклучи на постојан трансфер. Гвардиола во 2011 вторпат ја освои титулата од ЛШ со Барселона.

Scroll to Top