Top Sport

Лига на нации: Португалија со Франција и Хрватска, Англија на „мегдан“ со Белгијците

УЕФА ја комплетираше ждрепката за второто издание на Лигата на нации, каде што Португалија ќе има тешка задача да ја одбрани титулата откако се падна во група со финалистите од минатото Светско првенство, Франција и Хрватска, покрај Шведкса.

Англија пак, ќе се судри со Белгија, Данска и Исланд, додека Шпанија е во групата А4 заедно со Германија, а Холандија е во групата А1 со Италија.

Лигата на нации е ново натпреварување, на кое Португалија го освои финалето со 1:0 против Холандија, додека Македонија беше прва во својата гурпа во Лига Д и од оваа сезона ќе настапува во Лига Ц, овојпат заедно со Грузија, Естонија и Ерменија.

Групната фаза ќе се игра од септември до ноември 2020 година, а победниците на четирите групи од Лига А ќе се квалификуваат за финалето кое ќе се игра во летото 2021 година.

ШТО Е СМЕНЕТО ОВАА СЕЗОНА?

УЕФА направи голем број на промени на натпреварувањето, во структурата и во тоа што ќе значат резултатите. Секоја група во првите три дивизии е проширена на четири тимови, со што секоја лига има 16 репрезентации, кои нема да мораат да играат пријателски натпревари во одредени датуми како претходно.

Лигата на нации нема да гарантира место на Светското првенство во 2022 година, откако во првата едиција четири тима (финалистите) се квалификуваа директно за Евро 2020. Сега, два од бараж местата за трите места на СП во 2022 ќе бидат заработени преку Лигата на нации. Најдобрите две репрезентации кои се победници на своите групи, а нема да се квалификуваат преку квалификациите за СП ќе добијат место во баражот, кој ќе се игра во март 2022.

УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А

ГРУПА А1: Холандија, Италија, Босна и Херцеговина, Полска

ГРУПА А2: Англија, Белгија, Данска, Исланд

ГРУПА А3: Португалија, Франција, Шведска, Хрватска

ГРУПА А4: Швајцарија, Шпанија, Украина, Германија

ЛИГА Б

ГРУПА Б1: Австрија, Норвешка, Северна Ирска, Романија

ГРУПА Б2: Чешка, Шкотска, Словачка, Израел

ГРУПА Б3: Русија, Србија, Турција, Унгарија

ГРУПА Б4: Велс, Финска, Ирска, Бугарија

ЛИГА Ц

ГРУПА Ц1: Црна Гора, Кипар, Луксембург, Азербејџан

ГРУПА Ц2: Грузија, Македонија, Естонија, Ерменија

ГРУПА Ц3: Грција, Косово, Словенија, Молдавија

ГРУПА Ц4: Албанија, Белорусија, Литванија, Казахстан

ЛИГА Д

ГРУПА Д1: Фарски Острови, Летонија, Андора, Малта

ГРУПА Д2: Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино

Македонија и Грција се разминаа, на мегдан со Грузија, Естонија и Ерменија

Scroll to Top