Top Sport

Ибра за можното враќање во Милан: Мене ме сака цел свет

Златан Ибрахимовиќ не сакаше да ги демантира шпекулациите кои го поврзуваат со шокантно враќање во Милан, и не оддаде многу тајни.

Швеѓанецот го прослави својот 37. роденден и во моментов „растура“ во американската МЛС со тимот на Лос Анџелес галакси (20 гола во 24 настапи) по сезоната и пол во Манчестер јунајтед, по што во Италија има големи шпекулации дека новата управа на тимот со Леонардо и Паоло Малдини прават сѐ да го вратат Златан во Италија.

„Секогаш има шпекулации. Целиот свет ме сака мене. Тоа е ОК“, изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ помина две години на „Сан Сиро“ од 2010 до 2012 година, и постигна 56 гола во 85 настапи, освојувајќи ја титулата од Серија А во 2010/11.

Scroll to Top