Top Sport

Денот кога Дражен Петровиќ постигна 112 поени

Хрватските медиуми се потсетија дека денеска е годишнина на еден историски меч, кога кошаркарската легенда, Дражен Петровиќ постигна неверојатни 112 поени на еден натпревар.

На меч за Цибона против Олимпија на 5 октомври 1985 година во „Ледената дворана“ во Загреб, Петровиќ на само 20 години го растури словенечкиот тим, а Цибона на крајот славеше со 158:77. Петровиќ тогаш постигна 40 од поле од 60 обиди, а имаше и 10 тројки.

Сепак, мора да се забележи дека во тој меч Олимпија од Љубљана играше со јуниорски тим, откако генералниот секретар на клубот, Радован Лорбек задоцни со пријавувањето на кошаркарите.

Дражен, во соработка со својот колега Жељко Павичевиќ, реши да се обиде да го сруши рекордот на Радивој Кораќ, кој постигна 74 поени на меч во 1962 година.

Scroll to Top