Top Sport

Ибрахимовиќ не може да влезе во соблекувалната на Милан

Златан Ибрахимовиќ одлучи да му се врати на фудбалот овој пат како функционер. Пред две недели беше именуван за советник на сопственикот, поточно тој треба да биде одговорен за директната врска помеѓу тренерот Пиоли, спортскиот директор и управата на клубот.

Но, Златан има и ограничувања, па иако на некој начин е член на стручниот штаб забранет му е влезот во соблекувалната на тимот за време на официјалните натпревари.

Ибрахимовиќ речиси секогаш ќе може да биде со тимот, освен на официјалните натпревари кога не може да влезе во соблекувалната. За време на натпреварите ќе може да биде само на трибините.

Причината за ова не е одлуката на клубот, туку правилата на Серија А, според кои само одредени луѓе можат да влезат во соблекувалната.

Ибрахимовиќ ќе мора да биде дел од организациониот тим на Росонерите доколку сака да има пристап во соблекувалната за време на официјалните натпревари.

Scroll to Top