Top Sport

Ибрахимовиќ против Србија ќе го одигра последниот меч во кариерата

Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Србија ги потврди пријателските натпревари кои репрезентација ќе ги одигра како дел од подготовките за Европското првенство.

Генералната проба Србите ќе ја имаат на 8 јуни против против Шведска во Стокхолм. Овој дуел ќе има посебно значење бидејќи ќе биде и проштален меч на Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ својата богата кариера ја заврши на крајот од минатата сезона во Милано. Во последната сезона, поради повредите тој речиси и да не играше.

Тоа му беше втор мандат во редовите на Милан, а во кариера настапуваше и за Јувентус, Интер, Ајакс, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси.

Пред овој натпревар Србија ќе ги одмерат силите против Русија (21 март), Кипар (25 март) и Австрија на 4 јуни.

Scroll to Top