Top Sport

Ибрахимовиќ се сретнал со Кардинале, добива директорска позиција во Милан?

Златан Ибрахимовиќ, откако вчера беше неочекуван гост на тренингот на Милан, денеска бил на состанок со сопственикот на „росонерите“, Џери Кардинале, на кој се разговарало за можна позиција во клубот за харизматичниот Швеѓанец, тврди „ДАЗН“.

Златан, кој се повлече од фудбалот на крајот на минатата сезона, се сретнал со Кардинале во хотел на Корзо Венеција утрово, и Кардинале му понудил позиција меѓу директорите на клубот, посебно поради неговото огромно влијание и почит кај фудбалерите на клубот.

Scroll to Top