Top Sport

Унион Сен-Жил со понуда за Еден Азар

Белгискиот Ројал Унион Сен-Жил му дале понуда на Еден Азар да ја продолжи кариерата во сопствената земја по фијаското и разделбата со Реал Мадрид, тврди „АС“.

32-годишниот Азар ја прекина несреќната соработка со „кралевите“ во текот на летото, и наводно оттогаш одбил повеќе понуди од арапските земји, и дури размислуваше за пензионирање.

Доколку се врати во татковината тој ќе има шанса да игра против своите браќа – Торган кој игра во Андерлехт и Килијан, кој е фудбалер на Даринг Моленбек. Унион Сен-Жил оваа сезона настапуваат и во Лига Европа.

Scroll to Top