Top Sport

Ибрахимовиќ се врати во Милан

Златан Ибрахимовиќ потврди дека се враќа во Милан, шест месеци по завршувањето на активната кариера. Со МИлан освои две титули, одигра вкупно 163 натпревари, постигна 93 голови и забележа 35 асистенции. Сепак нема да биде тренер, како што објави италијанскиот печат, туку како „десна рака“ на првиот човек на клубот, Гери Кардинале.

„Извршен соработник“ и „виш советник на сопственикот“ се приближно „титулите“ што ќе ги има Ибра на „Сан Сиро“.

Американскиот бизнисмен со италијанско потекло Кардинале со тоа стави крај на шпекулациите дека Ибрахимовиќ, всушност, ќе се врати кај Росонерите како наследник на тренерот Стефано Пиоли.

„Како „извршен соработник“ на компанијата RedBird, Ибра ќе работи со тимот кој се занимава со глобални инвестиции и помага да се подобри спортското портфолио на целата организација“, ја објасни својата улога во компанијата, а потоа и во самиот клуб.“

Ибрахимовиќ ќе биде новиот тренер на Милан?!

Scroll to Top