Top Sport

Ибрахимовиќ: Бразилецот е вистинскиот Роналдо

Златан Ибрахимовиќ во интервју за магазинот „Џи Кју“, меѓу другото говорел за враќањето во Серија А и за Кристијано Роналдо.

„Не ми е само важно во кој тим че играм, мора да се поклопат многу работи, дури и барањата на моето семејство. Наскоро повторно ќе се видиме во Италија“, рекол Ибрахимовиќ, а потоа одговорил на прашањето за можната средба со „вистинскиот Роналдо“.

„Единствениот вистински Роналдо е оној од Бразил“.

Ова не е прв пат Ибрахимовиќ јавно да го критикува Кристијано Роналдо. Минатата година откако Лука Модриќ ја доби Златната топка, тој рекол дека Златните топки за Роналдо ги освојувал Флорентино Перез.

„Тој не е природен талент, туку е продукт на напорна работа. Предизвик му бил да замине во Јувентус? Ср..е, да заминеш во клуб што има седум титули по ред во Серија А не е предизвик. Предизвик беше да одиш во Јуве кога беа во втората лига и да ги вратиш во Серија А“.

Ибрахимовиќ на крајот од овој месец ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата. Во овој момент најголеми фаворити за неговиот потпис се Милан и Болоња.

Scroll to Top