Top Sport

Барса потпишаа нов договор со Ансу Фати

Фудбалскиот клуб Барселона и талентираниот тинејџер Ансу Фати ја продолжија соработката. Фати оваа сезона на 16 годишна возраст дебитираше за првиот тим, на девет натпревари забележал учинок од два гола и една асистенција.

Фати, во периодот кога Лионел Меси беше отсутен поради повреда, се прикажа во одлично светло. Го најави огромниот потенцијал и го привлече вниманието на неколку други клубови.

Шпекулациите дека би можел да напушти Барселона паднаа во вода со новиот договор што го доби од клубот.

Откупната клаузула која е вметната во договорот на 17 годишникот изнесува 170 милиони евра.

Scroll to Top