Top Sport

Ибрахимовиќ е подготвен да настапи против Верона

Во морето лоши конечно и една добра вест за тренерот на Милан, Сефано Пиоли. Златан Ибрахимовиќ е подготвен да се врати на фудбалските терени.

Шведскиот ветеран, сезонава има одиграно само еден натпревар, против Лацио на 12.септември. На тој меч постигна гол и се повреди.

Вечра, Ибрахимовиќ, го одработил комплетниот тренинг со соиграчите. Голема е веројатноста дека Ибрахимовиќ го добие шанса, утре на натпреварот против Верона.

Натпреварот кој ќе започне во 20.45 часот, поради повредата ќе го пропушти првиот голман Мајк Мењан, а во изолација поради коронавирусот е Тео Ернандез.

Scroll to Top