Поранешниот соиграч на Златан Ибрахомовиќ од ЛА Галакси, Мајкл Сијани, ја потврди приказната на Емилијано Инсуа дека Швеѓанецот не бил омилен лик во соблекувалната.
Сијани разговарал со Ибрахимовиќ за периодот додека тој бил во Пари Сен Жермен. Актуелниот фудбалер на Милан дресот на ПСЖ го носеше од 2012 до 2016.
„Кога дојде во Галакси го прашав за неговиот однос со соиграчите и тренерите во ПСЖ. Ми кажа дека со сите бил коректен, исклучок бил Кавани. Не се поднесувале. Ми кажа дека мразел тројца или четворица играчи во кариерата ид ека еден од нив е Кавани“, рекол Сијани и дополнил.
„Секој кој бил со Кавани, автоматски бил против Ибрахимовиќ“.