Напаѓачот на Манчестер јунајтед Златан Ибрахимовиќ го нарече Пеп Гвардиола најинфантилен тренер со кого соработувал во 20 години долгата кариера.
Швеѓанецот истакнал дека актуелниот менаџер на Манчестер Сити не знаел како да го реши проблемот во тимот, а навел и конретен пример од времето минато во Барселона.
„Во првите шест месеци постигнав многу голови и освоивме два Суперкупа. Првите шест месеци беа идеални, а потоа ја сменивме тактиката што не ми одговараше. Разговарав со Гвардиола и тој ми кажа дека поради Меси ги жртува другите играчи. Ми одговори дека ме разбира. Потоа ме стави на клупата за резерви“, рекол Ибрахимовиќ.
Искусниот напаѓач нагласил дека пота Гвардиола престанал да комуницира со него.
„Не разговараше со мене, дури и не гледаше во мој праваец. Кога ќе влезев во соба тој ќе излезеше. Ми стана јасно дека тоа нема врска со фудбалот. Тој го создаде проблемот и не успеа да го реши“, истакнал Швеѓанецот.
Читав дека истата работа се случила и со Марио Манџукиќ и Самјуел Ето. Гвардиола не е најлошиот тренер во мојата кариера, но сигурно е најинфантилниот, бидејќи човекот треба да биде во состојба да решава проблеми“.
Ибрахимовиќ беше член на Барселона од 2009 до 2011 година, со тоа што сезоната 2010/2011 ја мина во Милан како позајмен играч.