Top Sport

Ибрахимовиќ им порача на Американците: Уживајте додека сум тука

Златан Ибрахимовиќ вети дека ќе игра фудбал што е можно подолго откако се опорави од повредата на коленото, но им порача на Лос Анџелес галакси и на Американците да уживаат во неговото присуство додека тоа трае.

36-годишниот Швеѓанец беше во аут во поголемиот дел од 2017 година поради повреда на лигаментите на коленото додека играше за Манчестер јунајтед во Лига на Европа, но откако се пресели во САД, постигна 12 гола во првите 11 меча во МЛС лигата.

„Да видиме до кога ќе трае, бидејќи сега се чувствувам многу жив. Ја имав повредата, но луѓето заборавија дека три месеци подоцна покажав дека сум жив. Ми се допаѓа тука, го сакам клубот, луѓето околу него и градот. Сакам да победувам и сега сум тука, така што сите вие треба да уживате додека тоа трае. Го сакам тоа што го правам, но физичкиот дел, кога веќе нема да одговара ќе биде време да се каже: ’ја завршив работата’ и да сопрам. Но, тоа време уште не дојде“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top