Top Sport

Ибрахимовиќ има желба да игра на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ не крие дека има голема желба да настапи на Светското првенство во Русија. Напаѓачот на ЛА Галакси од националниот тим се повлече по елиминацијата на Шведска во првата фаза на Европското првенство во 2016 година.

Шведска на патот до Русија ја елиминира фаворизираната Италија во бараж двомечот. Пласманот на СП ги зголемија шпекулациите дека Ибрахимовиќ би можел повторно да го облече жолтиот дрес.

„Се зголемија шансите да играм на СП“, напишал Ибрахимовиќ на Твитер.

36-годишниот напаѓач се надева дека ќе добие повик од селекторот Јане Андерсон кој пред еден месец изјави дека Ибрахимович не му е потребен во репрезентацијата.

Ибрахимовиќ за Шведска има одиграно 116 натпревари и постигнато 62 гола. Во Русија, Швеѓаните се во група со Германија, мексико и Јужна Кореја.

Scroll to Top