Top Sport

Бока јуниорс му нуди договор на Буфон

Еден од најпопуларните аргентински клубови Бока јуниорс ќе му предложи на Џиџи Буфон да одигра уште една сезона. Буфон најави крај на кариерата по завршувањето на сезоната.

Тимот од „Бомбоњера“ има намера за наредната сезона во Аргентина да ангажира искусен голман, а досега Бока ја одбиле Серхио Ромеро од Манчестер јунајтед и Вили Кабаљеро од Челси.

Буфон најави дека ќе се пензионира по завршвањето на сезоната, а самиот рече дека исклучок би направил само во случај Јувентус да ја освои Лигата на шампионите. По елиминацијата во четврт-финалето од Реал оваа опција веќе не е во игра.

Во Бока јуниорс игра поранешниот соиграч на Буфон, Карлос Тевез.

Буфон во кариерата бранел за два тима Парма и Јувентус. За репрезентацијата на Италија, во периодот од 1997 до 2018 има одиграно 176 натпревари. Со Италија во 2006 стана светски првак.

Scroll to Top