Top Sport

Ибрахимовиќ имал желба да игра во Бока Јуниорс

Златан Ибрахимовиќ имал намера да одигра уште барем една година пред да замине в пензија. Негова желба била да го облече дресот на Бока Јуниорс, тврди аргентинскиот новинар, Луис Фрегоси. Според него Ибрахимовиќ веќе му ја соопштил својата желба на менаџерот Мино Рајола.

Ибрахимовиќ уште неколку месеци е играч на ЛА Галакси. Кога ќе му истекне договорот тој ќе го напушти Лос Анџелес.

Имач голема желба да игра во една од најголемите градски пресметки во светот на фудбалот Бока Јуниорс-Ривер Плата. Исто така идејата му изгледала интересно од моментот кога Даниеле Де Роси потпишал договор со Бока Јуниорс.

Ибрахимовиќ наскоро ќе наполни 38 години, меѓутоа статистиката што ја има по 30 година од животот му е импресивна. До својот 30 роденден постигна 232 гола, а откако влегол во четвртата деценија има постигнато 300 гола.

Scroll to Top