Top Sport

Чупиќ играч на колото во Лигата на шампионите (Видео)

Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ, од страна на навивачите е прогласен за најдобар играч во второто коло, во Лигата на шампионите.

Хрватскиот репрезентаивец постигна седум гола во победата на Вардар над Порто 32-27. Вардар по првите две кола има две победи во Б-групата.

Претходно, Чупиќ беше избран од страна на ЕХФ во идеалниот тим на колото.

Scroll to Top