Златан Ибрахимовиќ, вториот најдобра стрелец во историјата на ПСЖ, во едно интервју, го посочил главниот проблем со кој се соочува клубот. Швеѓанецот смета дека ПСЖ покрај толку големи ѕвезди нема тимски дух.
„Дали ви недостигам во Франција? За што разговарате откако си заминав, па немате тема за разговор? Мора да е здодевно сега да се работи во Франција“, рекол Ибрахимовиќ.
Според него, тимот во кој играл тој бил подобар од актуелниот во кој се Нејмар, Меси, Мбапе, Донарума…
„Овој тим не е подобар, ние бевме подобри како тим. Ова сега не е тим. Можеби подоцна ќе се наредат коцките, но ова сега воопшто не е добро“.
Ибрахимовиќ проговорил и за својот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси, кој во летниот преоден рок се пресели во ПСЖ.
„Ова е голем предизвик за Меси. Тој се обидува да направи нешто ново, по долгиот период во Барселона. Сега дојде во еден амбициозен клуб и сака да победува“.
На крајот рекол дека обожува да го гледа на теренот Мбапе, но дека оваа сезона е е задоволен од игрите на младиот напаѓач.
„Го обожувам, но не работи доволно. Може да биде многу подобар доколку напорно работи. Треба да „почувствува крв“, малку да „оди по оган“. Доколку околу себе има луѓе кои ќе мо кажат дека не е доволно добар ќе може да напредува“.