Top Sport

Ибрахимовиќ му го деформирал лицето (Фото+Видео)

Златан Ибрахимовиќ, во дербито на Лос Анџелес, сериозно го повредил фудбалерот од Либија Мохамед Ел Мунир.

Ибрахимовиќ во секој поглед го обележа дербито помеѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФЦ, тој ги постигна трите гола за својот тим во победата 3-2, по мечот се расправаше со тренерите на противничкиот тим, а победата ја прослави со зборовите: „Јас сум Лос Анџелес“.

Во цело тоа шоу што го приреди поранешниот шведски репрезентативец, јавноста не ја забележа повредата со која се здоби Ел Мунир по еден дуел со Ибрахимовиќ.

Златан во еден скок-дуел со лактот му ја дупнал главата на својот противник. Ел Мунир се здобил со сериозна повреда, а на сликите може да се забележи дека му е деформирано лицето.

27 годишниот фудбалер се здобил со фрактура на лицето, поради што ќе мора да биде опериран.

Потегот на Ибрахимовиќ не го забележале ниту судиите, н о не е исклучена можноста тој дополнително да биде казнет.

Scroll to Top