Златан Ибрахимовќ потврдил дека ќе биде на Светското првенсвот во Русија, но не како член на фудбалската репрезентација на Шведска. Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шведска, Ларс Рихт, во четвртокот објави дека Ибрахимовиќ нема да во составот на репрезентацијата, од која се повлече пред две години.
„Во вотрникот разговарав со Златан. Ми кажа дека не ја сменил својата одлука и дека нема да игра повеќе за репрезентацијата“, рекол Рихт.
Во разговор со новинарите по тренингот на ЛА Галакси, Ибрахимовиќ, во свој стил одговорил дека верува во шведските репрезентативци.
„Мислам дека Шведска е фавори за титулата, бидејќи и е подобро без Златан. Не сум дел од репрезентацијата, тоа е така од моментот кога се повлеков“, рекол Ибрахимовиќ.