Top Sport

Ибрахимовиќ: Најдобар е голот на Роналдо (Видео)

Најмногу полемики, во понеделникот, кога ФИФА на најдобрите им ги доделуваше наградите за изминатата сезона, предизвика голот што беше прогласе за најубав во 2018 година.

Лауреат е Мохамед Салах со голот што го постигна во градското дерби против Евертон, меѓутоа злобиците тврдат дека ФИФА компензирала со оваа награда, бидејќи Егиѓанецот заврши трет во изборот за играч на годината, а не се најде ниту во тимот на годината.

Многумина сметаат дека без конкуренција најубав гол постигнат годинава е онај на Кристијано Роналдо против Јувентус, во Лигата на шампионите.

Коментар на оваа тема има и Златан Ибахимовиќ, човек кој во кариерата постигнал многу неверојатни голови. Оваа година Ибрахимовиќ не беше во конкуренција, иако два или три гола може да се најдат во изборот на ФИФА.

„Дали е тоа најдобриот гол? Не е. Најдобар е голот на Роналдо“, рекол Ибрахимовиќ одговарајќи на новинарско прашање, а потоа дополнил.

„Не ги гледав останатите голови што конкурираа за наградата. Немаше мој гол, поради што не без заинтересиран да ги видам останатите голови. Можеби овој 500. гол можеше да влезе во конкуренција“.

Scroll to Top