Кристијано Роналдо сам го победи Јувентус во Торино 3:0. Португалецот постигна два гола и му асистираше на Марсело за третиот гол.
Тема на сите спортски медиуми е голот што Роналдо го постигна во 64.минута. Со ножички Португалецот постигна еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампионите.
Начинот на кој Роналдо го совлада Буфон ги натера дури и навивачите на Јувентус да станат и да му ракоплескаат.
Сепак, не се баш сите импресионирани од она што го направи Роналдо.
Златан Ибхаимовиќ, кој пред неколку дена во транс ја фрли Америка, со двата гола на дебито за ЛА Галакси, синоќа бил гостин-коментатор во студиото на ЕСПН.
Откако Португалецот го постигнал голот, Ибрахимовиќ без возбуда рекол:
„Убав гол, но би сакал тоа да се обидеше да го направи од 40 метри“.
Алузијата на Ибрахимовиќ е јасна, тој сака да потсети на своето ремек дело кога во дресот на Шведска со ножички го совлада Џо Харт.
Ibrahimovic on Ronaldo’s goal: “It was a nice goal, but he should try it from 40 meters.”
— Craig Foster (@Craig_Foster) April 4, 2018