Top Sport

Победи на ГС и Кливленд, Харден броеше до 38 (Видео)

Голден Стејт победи во Оклахома, а Кливленд го надигра Торонто во дерби натпреварите одиграни изминатата ноќ во НБА лигата.

Кевин Дурент со концерт од свирежи беше пречекан во Оклахома, а на провокациите одговори со 34 поени, 10 скока и четири асистенции, во победата на Голден Стејт 111:107.

Најдобро го следеа Клеј Томпсон со 20 поени, односно Квин Кук со 12 поени и шест асистенции.

На спротивната страна блескаше Расел Вестбрук со 44 поени, 16 скока и шест асистенции.

Кливленд против Торонто покажа дека нема лесно да ја предаде титучата на Истокот, иаково плејофот ќе влезе од третата позиција. Кавалирс, предводени од Леброн Џејмс (27 поени, 10 скока, шест асистенции), го победија Торонто 112:106.

Џејмс одчично го следеаа Хосе Калдерон (19 поени), односно Кевин Лав (18 поени, 15 скока).

На спротивната страна Демар Дерозан посигна 19 поени, а двоен ефект имаа центрите Јонас Валанчиунас (17 поени, 10 скока) и Серж Ибака (16 поени, 12 скока).

Лидерот во лигата, Хјустон 63.победа во сезоната ја забележа против Вапингтон. Џејмс Харден со учинок од 38 поени, 10 скока и девет асистенции го предводеше Хјустон до победата 120:104. Најефикасен кај Вашингтон со 26 поени беше Бредли Бил.

Изминатата ноќ своите тимови до важни победи ги предводеа Рики Рубио, односно Никола Јокиќ.

Шпанецот Рубио постигна 31 поен во победата на Јута над ЛА Лејкерс 117:110.

Србинот Јокиќ беше најефикасен во победата на Денвер над Индијана 107:104. Јокиќ натпреварот го заврши со 30 поени, шест скока, седум асистенции, четири украдени топки.

Резултати:

Филаделфија 76-Бруклин Нетс 121:95
Мајами Хит-Атланта Хокс 101:98
Њујорк Никс-Орландо Меџик 73:97
Чикаго Булс-Шарлот Хорнетс 120:114
Далас Маверикс-Портланд Трејлблејзерс 115:109
Милвоки Бакс-Бостон Селтикс 106:102
Феникс Санс-Сакраменто Кингс 97:94
ЛА Клиперс-Сан Антонио 113:110

Scroll to Top