Шведскиот репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, во интервју за „Кориере дела Сера“, открил на кој јазик размислува и комуницира на фудбалскиот терен, кој е подобра Меси или Роналдо, дали Меси заслужено ја доби Златната топка…
„Кога играм никогаш не размислувам на шведски, тој јазик е многу фин. Најчесто размислувам на еден од словенските јазици. Понекогаш на италијански или англиски“, рекол Ибрахимовиќ и продолжил.
„Јас сум Швеѓанец, но мојата мајка е од Хрватска, а мојот татко е муслиман од Босна и Херцеговина“.
На прашањето дали верува во Бог, одговорил.
„Не верувам само во себе“.
Се потсетил и на тешките моменти од најраното детство, за кои вели дека му помогнале да постане силен.
„Научив да ја трансфромирам болката, дури и омразата, во сила. Ако сум среќен тогаш играм добро. Ако сум лут, тогаш играм уште подобро. Он навивачите кои ме сакаат ја земам енергијата. Од оние кои ме мразат, земам уште повеќе од таа енергија“.
На прашањето кој е подобра Меси или Роналдо рекол.
„Двајцата се неверојатно јаки. Но би го избрал Меси, игравме заедно. Нашиот однос е професионален. Лео живее за фудбалот. Но, Левандовски заслужи да ја добие Златната топка оваа година“.