Златан Ибрахимовиќ неодамна го постигна 500. гол во професионалната кариера. По повод јубилејот тој проговорил за критиките со кои се соочувал на почетоците на својата импресивна кариера.
Ибрахимовиќ во кариерата настапувал за Малме, Ајакс, Јувентус, Барселона, Интер, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, а 500. гол во кариерата го постигна во дресот на ЛА Галакси.
„Имав можност да играм во сите големи европски клубови, играв со врвни фудбалери и секогаш давав голови. Интересно е што кога ја започнував кариерата, за мене говореа дека сум добар играч, но дека не сум способен да постигнувам голови. Ова е за тие критичари, знам да постигнувам голови. Дојдов до бројката 500, тоа е луда бројка“, рекол поранешниот шведски репрезентативец.
Јубилејниот гол го постигна против Торонто, а потоа го прокоментирал во свој стил.
„Таков гол може да постигне само Ибрахимовиќ“.