Top Sport

Ибрахимовиќ нема да игра против Ливерпул

Ливерпул, утре ќе го пречека Милан, во првото коло во Б-групата, во Лигата на шампионите. Двата тима не се поразени во новата сезона, Ливерпул забележа три победи и едно реми во Премиер лигата, Милан ги има сите три победи во Серија А.

Милан, во неделата, лесно се справи со Лацио, забележа победа од 3:0, со ист резултат Ливерпул победи во Лидс.

Еден од головите за Милан постигна Златан Инрахимовиќ. Ветеранот, кој 20 дена ќе наполни 40 години, мечот го започна како резерва, а само седум минути му беа потребни за да постигне гол.

Два дена по мечот со Лацио, тренерот на Милан Стефано Пиоли доби лоша вест, Ибрахимовиќ поради повреда ќе го пропушти гостувањето во Ливерпул.

Ибрахимовиќ против Лацио ја повредил ахиловата тетива.

Scroll to Top