Директорот на Милан, Леонардо, истакнал дека не е возможно Златан Ибрахимовиќ да се врати на „Сан Сиро“. Ибрахимовиќ во периодот од 2010 до 2012 година го носеше дресот на Милан, а потоа замина во ПСЖ.
„Сите знаат дека врската помеѓу Ибра и Милан е многу силна. Не можам да порекнам дека сите размислувавме за неговото враќање, бидејќи тоје е посебен играч, многу специфичен. Сепак, неговото враќање повеќе не е во опција“, рекол Леонардо.
Ибрахимовиќ во моментов е член на ЛА Галакси. Неговиот договор со овој клуб истекува во декември 2019 година.