Top Sport

Хамилтон најавува победа во Сузука

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, доминираа на првите тренинзи во пресрет на трката за Големата награда на Јапонија. Најбрз на тренинзите беше лидерот во генералниот пласман Хамилтон.

На првиот тренинг Британецот од Финецот беше побрз за 0,446 секунди, додека на вториот тренинг Хамилтон беше побрз од Ботас за 0,461 секунди.

foto: epa

За време на првиот тренинг, Хамилтон, со брза реакција избегна тежок судар со Пјер Гасли, чии болид откажа на патеката.

Главниот конкурент на Хамилтон во борбата за титулата, Германецот Себастијан Фетел, со своето Ферари на првиот тренинг доцнеше 0,994 секунди, а на вториот 0,833 секунди.

Хамилтон во генералниот пласман има 50 бода повеќе од Фетел, а за да ја одбрани титулата, до крајот на сезоната не му е потребна ниту една победа.

Доколку се случи чудо и Фетел победи на преостанатите пет трки до крајот на сезоната (Јапонија, САД, Мексико, Бразил и Абу Даби), на Хамилтон за одбрана на титулата ќе му бидат доволни четири трети и едно второ место.

Третиот слободен тренинг на патеката во Сузука ќе се вози в сабота од 5 часот, а квалификациите се на програмата во 8 часот.

Scroll to Top