Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер и Инстаграм) објави дрес на Хамарби со неговото презиме на грбот. 38 годишникот е слободен играч откако му заврши договорот со Лос Анџелес Галакси, а са неговиот потпис се борат Милан и Болоња.
Објавата на Ибрахимовиќ ја заинтригира спортската јавност, а бргу стигна одговор и од Хамарби. Од клубот негираат дека потпишале договор со искусниот напаѓач.
„Златан малку не изненади но засега немаме коментар. Доколку потпише договор ние тоа ќе го објавиме на нашата интернет страница. Кога се работи за потенцијалните засилувања ќе мора да разговарате со Јеспер Јансон и Хенрик Киндлунд“, рекол портпаролот на Хамарби, Аксел Персхаген.
Инаку, Хамарби сезоната во шведското првенство ја завршија на третото место.
@Hammarbyfotboll pic.twitter.com/jLWfK5uP0q
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 26, 2019