Top Sport

Ибрахимовиќ објави шокантно видео од повреденото колено

Златан Ибрахимовиќ шест месеци ја одложуваше операцијата на коленото само заа да му помогне на Милан во трката за титулата. Откако, конечно, „скудетото“ по 11 години се врати на „Сан Сиро“, шведскиот ас замина на операција на лигаментите и ќе паузира осум месеци.

Ибрахимовиќ денеска објави и како изгледаше еден негов третман на коленото, а морал да оди на пункција еднаш седмично.

„Празнење на коленото секоја недела изминатите шест месеци“, објасни Ибрахимовиќ, оставајќи ги фановите во шок.

Scroll to Top