Шведскиот фудбалски ас, Златан Ибрахимовиќ (37) е еден од најпосакуваните фудбалери во светот. Игра одлична сезона во американската МЛС, за него се заинтересираа неколку европски гиганти, а неговата желба е повторно да заигра во дресот на Милан.
Според информациите, преговорите со Швеѓанецот се во завршна фаза, тој побарал 1,5 милиони евра по сезона, но бара и најмалку 18-месечен договор.
Наскоро ќе се знае дали Ибрахимовиќ во јануарскиот преоден рок ќе се врати на „Сан Сиро“.