Top Sport

Вардар потклекна против Беласица, Шкендија е новиот лидер на табелата

Вардар не успеа да победи во натпреварот со Беласица во меч од 13. коло од ПМФЛ, натпреварот заврши 1-1, па најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија мораше да го предаде врвот на табелата.

Во 30. минута мрежата на гостите од Струмица ја затресе Дарко Мицевски. Вардаровиот фудбалер со удар од далечина го отвори резултатот. Гостите од Струмица успеаја да изедначат во 72. минута, со еден гол на напаѓачот Ивановски, екс играч на „црвено-црните“.

Во Тетово Шкендија немаше никакви проблеми против Шкупи. Извојуваше лесна победа од 3:0. Стрелци на головите за тетовскиот тим беа Фазли во 15, Емини во 40 и Алими во 82. минута.

Академија Пандев со голот на Дориев во 53. минута успеа да го совлада скопски Работнички, а прилепска Победа на стадионот во Кичево го нагости тимот на Силекс. Крајниот резулатат гласеше 2:0. Стрелци на головите за прилепчани беа Набуезе Чиназорм во 60 и Танушев во 90 минута.

Во Ѓорче Петров тимот на Македонија беше непријатно изненаден и поразен од Ренова со 1:2. Во првото полувреме во 15. минута гол за домашните постигна Тантуровски. За целосен пресврт во второто полувреме се погрижија гостите со погодоците на Стојановски во 60., односно Рамадани во 62-та минута од мечот.

По 13. коло лидер на табелата во ПМФЛ е Шкендија со 28 бода, исто колку што има и Вардар на втората позиција, но тетовци имаат подобра гол разлика.

На третото место на табелата е Академија Пандев со 22 бода, па следуваат Победа и Работнички со по 17, односно Ренова со 16.

Долниот дел од табелата го предводи Беласица со 14 бода, па Македонија Ѓорче Петров со 13. На последните две позиции се наоѓаат Шкупи со 12 и фенерџијата Силекс со 11 освоени бодови.

Scroll to Top