Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ (40) синоќа во судиското надополнување го спаси својот Милан од пораз кај Удинезе, а со тоа влезе во историја – трет фудбалер кој успеал да дојде до 300 гола во петте најсилни фудбалски лиги во Европа.
Досега ова им успеало само на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси. Роналдо има 483 гола, а Меси 475 гола во „Лига петка“.
Ибрахимовиќ во својата кариера преку Малме и Ајакс, во најсилните пет лиги играше и даваше голови за Интер, Милан и Јувентус (Серија А), ПСЖ (Франција), Барселона (Шпанија). Постигна 23 гола за Јувентус, 57 за Интер, 16 за Барса, 113 за ПСЖ, 17 за Манчестер Јунајтед и 74 за Милан.
Сезонава Ибра игра во одлична форма – на 9 натпревари постигна 6 гола.
300 – Zlatan #Ibrahimovic has become the third player able of scoring 300 goals in the big-5 European leagues since 1/1/2000, after Cristiano Ronaldo (483) and Lionel Messi (475). Infinity.#UdineseMilan #SerieA pic.twitter.com/dpo6qQLmkD
— OptaPaolo ? (@OptaPaolo) December 11, 2021