Златан Ибрахимовиќ не верува дека трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус му носи нов предизвик на Португалецот, велејќи дека Јувентус, тимот кој веќе има седум титули едноподруго е голем клуб и без него.
Роналдо беше неочекуваната ѕвезда на летниот преоден рок, откако замина во Торино за 100 милиони евра од Реал Мадрид, изјавувајќи дека сака нов предизвик и дури порачувајќи му на Лео Меси да направи сличен потег. Тој има 18 гола во Серија А и седум асистенции, но 34-годишниот Ибрахимовиќ вели дека нема предизвик во италијанскиот шампионат.
„Не велам дека неговиот трансфер не е голем, но не е предизвик да се приклучиш на Јувентус, еден од најдобрите клубови на светот. Можеби зависи од тоа што мислите од предизвик. За мене предизвик е да дојдеш во тим и да го однесеш далеку“, вели Ибрахимовиќ.
Сепак, Златан е задоволен што Роналдо си замина од Шпанија во Серија А, каде што Швеѓанецот играше за Јувентус, Интер и Милан.
„Секако, тоа е голем успех за италијанскиот фудбал, бидејќи Серија А, мојот втор дом, расне со него“, додава Ибра.