Top Sport

Дејвис куп ждрепка: Група на смртта со Русија, Шпанија и Хрватска

По многу дискусии и критики, Дејвис купот претрпе значителни промени во 2019 година, со само две рунди во главната група и скратен формат со мечеви во два добиени сета и два ден акција. По квалификациските дуели во февруари, се одреди и ждрепката за финалето кое ќе се оддржи во Мадрид во „Каха магика“ од 18 до 24 ноември.

Ждрепката донесе шест групи со по три земји кои ќе се натпреваруваат од понеделник до четврток, со два сингл меча и еден меч во двојки. Шесте победници на групи и двата најдобри второпласирани ќе одат во четврт-финалето во петок, по што во сабота ќе се оддржат две полуфиналиња и големото финале во недела.

Во групата А, Франција ќе се бори со Србија во реприза од финалето од 2010, а во групата е уште Јапонија, но несомнено најсилната група е Б групата во која се актуелните шампиони Хрватска, Шпанија и Русија. Аргентина, Германија и Чиле се во групата Ц, по што има уште една неизвесна група – Д со Белгија, Австралија и Колумбија. Велика Британија, Казахстан и Холандија се во најслабата група Е, додека Италија, САД и Канада ја сочинуваат последната група.

Scroll to Top