Златан Ибрахимовиќ без „влакна на јазикот“ ја коментирал изјавата на Кристијано Роналдо дека трансферот во Јувентус му претставувал нов предизвик во кариерата.
Португалецот, во летниот преоден рок, по девет години го напушти Реал за 100 милиони евра се пресели во Јувентус.
„Кристијано говори за нови предизвици. Тој тоа го нарекува предизвик, трансфер во тим кој веќе е силен и редовно ја освојува Серија А. Зошто не се пресели во тим од втора лига таму да стане шампион и да го внесе тимот во прва лига“, рекол Ибрахимовиќ.
Во текот на својата кариера Ибрахимовиќ играл во Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед. Швеѓанецот на залезот на кариерата игра за ЛА Галакси.