Top Sport

Ибрахимовиќ: Се чувствував како дебитант

Златан Ибрахимовиќ, по пауза од пет години, го одигра првиот меч за Шведска. Ветеранот им помогна на „трите круни“ да стартуваат со победа во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Шведска со 1:0 ја победи Грузија.

Најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација, во 39.минута му асистираше на Виктор Клаесон, кој го постигна единствениот гол.

„Беше добро, со многу адреналин. Се чувствував како дебитант, како да го играм својот прв меѓународен натпревар. Мислам дека можев и подобро. Победивме, тоа е важно…“, рекол Ибрахимовиќ.

Натпреварот со Грузија беше 117 за Ибрахимовиќ во дресот на Шведска. Тој го урна рекордот на легендарниот голман Томас Равели и стана најстариот репрезенативец на Шведска, на сите времиња.

Scroll to Top