Top Sport

Ибрахимовиќ се враќа во шведската репрезентација на 41 година!

Шведскиот селектор Јане Андерсон потврди дека Златан Ибрахимовиќ ќе го има камбекот во националниот дрес на 41 година, велејќи дека „се чувствува подготвен и е во пристојна форма“.

41-годишниот Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените со Милан по операцијата на коленото на крајот на минатата сезона, кога помогна „росонерите“ да ја освојат првата титула по 11 години. Тој ќе биде дел од шведската репрезентација на квалификациските мечеви за ЕП против Белгиј и Азербејџан.

„Златан имаше малку повеќе настапи за Милан и се чувствува добро и е во пристојна форма, и покрај долгата пауза. Тој може да додаде нешто во тимот. Прво на теренот, но и надвор од него“, вели Андерсон.

Scroll to Top